193
Синоќа, околу 23 часот, силен пожар во близина на Зелен пазар ги вознемири скопјани. Огнот се проширил откако бил запален паркиран хибриден автомобил „БМВ Х3“.
На огнот му претходела експлозија што ја слушнале станарите на зградите. Оштетено е уште едно возило „цитроен Ц4“, а пожарот зафатил и покрив на маркет на пазарот.
Пожарникарите брзо пристигнале на терен и околу полноќ пожарот бил изгаснат. Местото на настанот го обезбедуваа полициски единици.