Покрај сите контролни механизми за притисок врз медиумите, покрај тоа што не беа усвоени закони усогласени со ЕУ, покрај поставувањето свои судии и обвинители, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го усвои и законот за „Safe City“ без каква било контрола на снимањето и следењето со 65.000 камери, реагираат од СДСМ.
„Одбија да прифатат строги и јасни правила за системот и во измените на Кривичниот законик. Проектот „Safe City“ е започнат во време на владата на СДСМ и од аспект на безбедноста во сообраќајот е значаен, но вака донесен Законот за прекршоци значи отворена врата за злоупотреби. МВР да делува како партиски инструмент за следење, притисок и уцена на граѓаните без било какви заштитни механизми“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, ова е игра на ДУИ и ВМРО, кои, како што велат, беа заедно на лидерска средба и цело време задно се договараат.
„Останува уште да ја укинат техничката влада и подготвени се за избори“, велат од СДСМ.