Захарова: Планот на Израел за проширување на воените операции ќе ја влоши ситуацијата

by irena 17:29
17:29

Планот на Израел за проширување на воените операции во Појасот Газа ќе ја влоши ситуацијата во палестинската енклава и ќе има сериозни последици за целиот Блиски Исток, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Спроведувањето на ваквите одлуки и планови, кои предизвикуваат осуда и отфрлање, ќе значи влошување на веќе исклучително драматичната ситуација во оваа палестинска енклава, која ги има сите знаци на хуманитарна катастрофа“, изјави Захарова во соопштението.

Таа предупреди дека овој потег сериозно ќе ги поткопа меѓународните напори за деескалација на конфликтот и ќе предизвика сериозни негативни последици за регионалната стабилност.

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел има намера да воспостави контрола врз целиот Појас Газа со цел да обезбеди безбедносен периметар, а потоа да го префрли на нова „цивилна администрација“.

Кабинетот на Нетанјаху вчера објави дека израелскиот кабинет за безбедност го прифатил неговиот предлог да му нанесе конечен пораз на Хамас и да воспостави контрола врз градот Газа.

Слични вести