168
Три лица се повредени во пукотница на Тајмс Сквер во Њујорк утринава кога 17-годишен тинејџер, кој беше приведен од полицијата, отворил оган, објави Њујорк пост.
Меѓу повредените се 18-годишно девојче и двајца мажи, на возраст од 19 и 65 години.
Девојката се здобила со повреди на вратот, додека мажите се ранети во нозете. Сите се однесени во болница и се во стабилна состојба.
Тинејџерот е уапсен на лице место, а огненото оружје е конфискувано.
Неговиот идентитет не е откриен бидејќи е малолетник, а обвинението сè уште не е поднесено.
Полицијата реагирала брзо, а истрагата е во тек, јавуваат медиумите.