189
Лондон и Париз, кои, според тврдењата на руската разузнавачка служба, планираат да ја снабдуваат Украина со нуклеарно оружје, „си играат“ со прашањето заедно со Киев, изјави денес портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија – Марија Захарова.
Таа додаде дека повеќе не станува збор само за закани и изјави, туку, според неа, се преземаат конкретни акции.
„Велика Британија и Франција се подготвуваат и веќе се во процес на манипулирање, не реторички, туку практично, со прашањето за нуклеарното оружје“, рече Захарова, пренесува РИА Новости.