195
Фудбалскиот клуб Ливерпул со жестока казна за младиот фудбалер Уго Екитике, поради црвениот картон кој го доби на натпреварот против Саутемптон.
Францускиот репрезентативец постигна гол за победа во третото коло во Лига купот, а при прославата го соблече својот дрес и доби жолт картон. Бидејќи веќе имаше жолт картон од претходно, мораше во финишот од мечот да го напушти теренот.
Екитике нема да биде дел од натпреварот против Кристал Палас во Премиерлигата. Англичаните сметаат дека Ливерпул ќе го казни и со одземање на две неделни плати, па во превод црвениот картон ќе го чини 600.000 евра.
„Црвените“ од „Енфилд“ за францускиот ас на Ајнтрахт му платија 80.000.000 евра, а неговата годишна бруто плата изнесува 15.000.000 евра.