Вучиќ: Европски политички кругови ме ставија на „листа за отстрел“

by irena 11:48
11:48

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одредени европски политички кругови го ставиле на „листа за отстрел“

Според него, причината за ваквиот однос е неговата политика на слобода на говор, мислење и независно делување.

Оваа изјава доаѓа во период на значајни политички промени во регионот, поточно по изборниот пораз на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан и победата на Петер Маѓар во Унгарија.

Вучиќ повлече директна паралела помеѓу својата позиција и позициите на унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо. Тој истакна дека и двајцата лидери биле мета на слични напади поради нивната посветеност на националните интереси.

Слични вести