Вучиќ е во Украина – присуствува на важен состанок на покана на Зеленски

by irena 07:58
07:58

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи во 7:00 часот наутро од Украина со важна порака за граѓаните.

Во објавата на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм се вели:

„Денес, на покана на претседателот Зеленски, присуствувам на состанок на Иницијативата за карпатска интеграција, важен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион. Сето ова го правам за дополнително да обезбедам стабилност и мир за нашите граѓани и за Србија“.

 

Слични вести