„Повеќе од 20 години на власт, ДУИ целосно ги занемари противпожарните единици во нашите општини, изложувајќи ги албанските пожарникари без минимални услови за работа, без соодветна опрема и без никаков план за противпожарна заштита. Тие раководеа со Центарот за управување со кризи и со директори кои немаа ниту визија ниту одговорност за овој витален сектор“ соопштија денеска од коалицијата ВРЕДИ.
Од таму велат „денес, Владата предводена од ВРЕДИ ја менува оваа реалност! Одобрена е новата мерка „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“, која за прв пат создава основа за одржлив и функционален систем за противпожарна заштита во нашата земја“.
„Со оваа иновативна програма ќе бидат ангажирани 400 лица, кои ќе помогнат во креирањето на противпожарни појаси и ќе спроведуваат други превентивни активности, во 14 општини со територијални противпожарни единици. Овие се дел од превентивните мерки со кои Владата на ВЛЕН се обидува да го намали и ограничи штетите кои граѓаните, за жал, ги имаа секоја мината година. Ова е голем чекор напред, од реактивната и пропагандна политика што ја следи ДУИ, кон проактивен, одговорен и ефикасен пристап, кој истовремено обезбедува социјални и еколошки ефекти. За прв пат, противпожарната заштита се гледа како државен приоритет, а не како сезонска тема за прес-конференции“ велат од ВРЕДИ.
Додаваат дека „ВРЕДИ не дава празни ветувања, ВРЕДИ дејствува!“.