(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Ученик нападна наставничка со секира – хоророт го пренесуваше во живо

by irena 16:21
16:21

Вознемирувачки момент во кој 16-годишен ученик нападнал наставничка со секира е снимен, а целиот напад се пренесуваше во живо на интернет. Овој грозоморен инцидент се случил во училиште во Малезија.

Шокантната снимка од безбедносните камери покажува како напаѓачот со сечилото удира кон кренатите раце на наставничката, која инстинктивно се обиде да се заштити.

Вооружениот тинејџер потоа влетува низ другата врата, држејќи ја секирата високо над главата.

Додека преплашените ученици панично бегале низ страничниот излез за да си ги спасат животите, храбрата наставничка не се повлекла, туку директно му се спротивставила на напаѓачот.

Набргу, еден од учениците ѝ пришол на помош, па заедно успеале да го совладаат и да му го одземат оружјето.

Малезиската полиција го товари тинејџерот за пренесување на крвавиот напад во живо на интернет.

Во меѓувреме, се појави и видео снимено со камера, која напаѓачот, по сè изгледа, ја носел прикачена на главата.

На видеото се гледа како се подготвува во тоалетот, а потоа истрчува во ходникот. Снимката го прикажува моментот кога тој насилно влегува во училницата, додека наставничката станува и ги крева рацете за да се заштити. Потоа сликата силно се тресе, по што екранот станува црн.

16-годишникот е приведен и сместен во психијатриска установа.

Слични вести