Волк е животното најдено во Козле, вели портпаролката на ЗОО Скопје

by irena 17:53
17:53

Портпаролката на ЗОО-Скопје – Тина Мицковска вели дека животното заловено во скопско Козле е волк, а не куче, како што претходно се шпекулираше во јавноста.

Вели дека по сместувањето на животното во карантин во зоолошката градина, вработените веднаш забележале дека според движењата и физичките карактеристики станува збор за волк.

„Кога го видовме убаво во живеалиштето каде што е сместено, во карантин во зоолошката градина, според секое негово движење и според сите негови карактеристики во изгледот, убаво се гледа дека навистина станува збор за волк, а не за куче. Со АХВ ќе се направи проверка дали има можеби микрочип, бидејќи тие се сомневаат дали е можеби украден од некоја друга држава или донесен од некоја друга зоолошка. Додека не го утврдиме тоа, не можеме точно да знаеме дали е микрочипирано или не“ вели Мицковска.

Рече дека повеќе лица кои го виделе животното потврдиле дека се работи за волк.

„Тука беше и директорот на „Лајка“, инспектори од АХВ кои го потврдија истото, но и нашите вработени овде“, изјави таа.

Слични вести