143
Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“.
Како што информираат од претпријатието, интервенцијата ќе се спроведе на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, со цел подобрување на состојбата и одржување на водоводниот систем.
Во текот на чистењето, граѓаните се повикуваат да не ја користат водата за пиење, туку исклучиво за технички потреби.
Од ЈП „Маврово“ додаваат дека по завршувањето на превентивните активности ќе бидат направени потребните проверки, по што јавноста ќе биде навремено известена кога водата повторно ќе биде безбедна за консумирање.