Во затворот Идризово почина 60 годишен осуденик

by irena 12:27
12:27

МВР информира дека вчера рано утрината во 05:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Затвор Идризово е пријавено дека во установата бил пронајден починат Д.М.(60) од неготинско, осуденик во установата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Слични вести