Утринава во Техеран се одржа масовна погребна церемонија на 60 лица убиени во неодамнешните израелски напади врз Иран, на кој присуствуваа илјадници граѓани, вклучувајќи ги семејствата на жртвите, војници, студенти и владини претставници.
Свечената погребна поворка се движеше од плоштадот Енгелаб пред Универзитетот во Техеран до плоштадот Азади, објави ИРНА.
Официјални лица потврдија дека меѓу жртвите има неколку воени команданти, научници и цивили, вклучувајќи четири деца и четири жени.
Собраните граѓани носеа црна облека во знак на жалост и извикуваа слогани за поддршка на Исламската Република и нејзините воени лидери.
По должината на рутата на погребната поворка беа истакнати транспаренти со имињата на загинатите, вклучувајќи го генералот Хаџизаде и нуклеарните експерти.
Иран соопшти дека во серијата напади што ги извед Израел загинале вкупно 600 лица низ целата земја, вклучувајќи 12 членови на едно семејство кои, според иранските власти, биле убиени во еден од нападите.