Во сабота без вода дел од централното подрачје на Скопје

by irena 15:44
15:44

ЈП Водовод и канализација известува дека во сабота, со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.

Оттаму информираат дека поради дефект на затворач ф-80 милиметри на улицата Димитрие Чуповски 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Слични вести