(ВИДЕО) Пожар во Козле, изгореа три куќи

by irena 12:07
12:07

Во пожар што рано утрово избувна во скопската населба Козле изгореа три куќи и помошна просторија.

„На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје“ известија од МВР.

Според изјави на очевидци, пожарот се појавил зад помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата.

Во тек е увид на местото на пожарот.

Слични вести