Во Куманово уапсена жена од Швајцарија, била агресивна кон полицајци

by valentina 13:52
13:52

Од МВР информираат дека во Куманово била уапсена жителка на Швајцарија, која нападнала полициски службеници.

-На 19.09.2026 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода М.К. (65) од Швајцарија, затоа што во село Проевце, кумановско, спречувала и агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Слични вести