Во Франција казна од 200 евра зашто гласно зборувал на телефон

by irena 11:05
11:05

Француските сообраќајни закони и прописи сега дозволуваат казнување на оние лица што користат уреди и инструменти што го нарушуваат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз.

Пред неколку дена се прошири веста дека во Франција маж е казнет со 200 евра затоа што зборувал премногу гласно на мобилен телефон.

Лицето познато како Давид разговарало со сестра си со вклучен звучник на железничка станица во Нант, Франција, пред еден вработен во железничката компанија СНЦФ да го запре и да го замоли да го намали звукот.

Во Франција не постои закон што забранува зборување на звучник на јавни места. Сепак, постојат многу јасни прописи за контрола на бучавата, пишува Рunkufer.

Слични вести