Во Берлин започнаа преговорите за прекин на огнот меѓу Украина и САД

by irena 19:21
19:21

Попладнево во Берлин започна средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави Дојче Веле.

На разговорите меѓу украинската и американската страна присуствува и германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Ја започнавме нашата средба“, кратко објави Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.

Пред средбата, Зеленски на платформата X изјави дека е најважно да се обезбедат механизми што ќе ја гарантираат безбедноста. „Клучно е сите чекори за кои се согласуваме со партнерите да функционираат за да се обезбеди гарантирана безбедност“, напиша тој.

„Само сигурни гаранции можат да донесат мир. Сметаме на нашите партнери да продолжат да работат конструктивно“, додаде тој. Украинските лидери инсистираат на безбедносни гаранции од Западот како предуслов за евентуално прекин на огнот со Русија, плашејќи се од можноста за уште еден напад во иднина.

Зеленски повторно ја отфрли можноста за отстапување на украинската територија на Русија во замена за мировен договор со Москва. Од друга страна, Русија продолжува да инсистира дека Украина мора да се повлече од целиот источен регион Донбас, вклучувајќи ги и областите што не се под руска контрола, како главен услов за каков било договор.

Слични вести