Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) дефинитивно ќе го засили Фенербахче, објавија утрово релевантни светски медиуми.
Овој фудбалер донесе шокантна одлука минатата зима и го замени дресот на Астон Вила со дресот на саудискиот Ал Наср, во моментот кога беше мета на сериозни европски клубови.
Но, само врз основа на договорот, тој зеде над 8.000.000 евра во Ријад, што е околу петпати повеќе отколку што би заработил во Англија во истиот период.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во турскиот Фенербахче, кој, предводен од Жозе Мурињо, се обидува да изгради тим кој ќе ја освои титулата шампион на Турција, на што клубот чека од 2014 година.
За половина година, Дуран одигра 18 натпревари за Ал Наср и постигна 12 гола.
Играше во тандем со Кристијано Роналдо, но не успеа да му помогне на тимот да ја освои титулата шампион на Саудиска Арабија, бидејќи шампион стана Ал Итихад.