220
Два земјотреси со јачина од 3,9 степени и 4,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во близина на градот Бурса, северозападна Турција, јавија турските медиуми, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Според локалните власти, во моментов нема информации за причинета материјална штети или повредени во земјотресите.
Турскиот министер за внатрешни работи – Али Јерликаја соопшти дека екипи од Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби и од одговорните институции веќе се испратени на терен.
Земјотресите биле почувствувани и во други области во близина на Бурса.