ВЛЕН: За нас пензионерите не се алатки за гласови туку столбови на општествено достоинство

by admin 09:49
09:49

Владата што произлезе од волјата на граѓаните, секој ден докажува дека промената не е слоган, туку реалност која се допира. На вчерашната владина седница беше одобрен предлогот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, фундаментална одлука за подобрување на условите за живот на нашите пензионери, велат од коалицијата ВЛЕН/

Посочуваат дека за само една година од владеењето на Владата, пензиите се зголемија за 5.000 денари, помагајќи им на над 340.000 граѓани.

-Со новите измени, од септември пензиите ќе се зголемат за над 1.000 денари, додека следното зголемување од 1.000 денари ќе се случи во март следната година. Ова не е пропаганда, туку политика со визија и одговорност. Бидејќи за ВЛЕН, пензионерите не се алатки за гласови, туку столбови на општествено достоинство. ДУИ ги користеше старите лица 20 години за фотографии и празни ветувања. Ние им оддаваме почит со акција, стои во партиското соопштение.

Слични вести