Африм Гаши доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар

by admin 10:26
10:26

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ поради претплет на цревата, дознава „Фокус“.

Гаши бил примен со болки, но без крварење и други посериозни симптоми.

Засега не е планирана хируршка интервенција. Се третира со медикаментозна терапија и е под постојан лекарски надзор.

Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Слични вести