Владимир Панчевски дисквалификуван од трката за државен јавен обвинител

by irena 13:45
13:45

Владимир Панчевски е дисквалификуван од трката за државен јавен обвинител. Причинате за тоа е што Советот утврди дека тој не ги исполнува законските услови предвидени во Законот за јавно обвинителство.

Кандидатот за оваа позиција треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право, а на Панчевски му престанала функцијата пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија, ниту јавен обвинител.

Советот одлучи дека тој не ги исполнува законските услови и не треба да биде ставен на листата на кандидати.

Панчевски беше осуден за злоупотреба на службената положба и овластувања поради злоупотреби со АКМИС системот.

Во игра за позицијата државен јавен обвинител се в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристоска, судијата од Кривичен суд Скопје – Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

Слични вести