(ВИДЕО) Жената која му даде 800.000 евра на лажниот Бред Пит ги покажа пораките што тој ѝ ги праќал

by irena 08:10
08:10

Француската дизајнерка на ентериер – Ан Денешател (53) ги освои насловите низ целиот свет откако откри дека им дала на измамници кои се претставувале како Бред Пит повеќе од 800.000 евра. Во својата нова книга, Je ne serai plus une proie (Веќе нема да бидам плен), таа ги открива деталите за измамата, но и шокантниот заклучок, таа е среќна што сè се случило затоа што тоа ја навело да се разведе од сопругот.

Денешетел раскажала како била осамена и заробена во несреќен брак со „себичен и манипулативен милионер“ кога добила порака на Инстаграм од лице кое се претставило како мајка на Бред Пит. Набрзо таа започнала разговор со лажен актер преку Телеграм, и таа, како што вели, станала „зависна“ од разговорите и живеела во „целосна илузија“.

Кога измамникот почнал да ѝ бара пари, таа се чувствувала сакана, што ѝ недостасувало во бракот.

„Сопругот ме стави во незгодна ситуација. Рече дека треба да бидам задоволна што сум негов трофеј. Веќе немав никаква независност. Во еден момент, ми се чинеше полесно да му помогнам на Бред отколку на себеси“, се довери таа за францускиот весник „Ле Монд“.

Тие разменувале интимни пораки со месеци. Тој наводно ѝ се доверувал за својата зависност од алкохол, осаменост и развод од Анџелина Џоли, додека таа му раскажувала за проблемите со нејзиниот сопруг.

Денешател вели дека се чувствувала како да е на „продолжен меден месец“ додека лажниот актер ја опсипувал со романтични пораки, љубовни песни, па дури и со предлог за брак.

„Моја кралице“, ѝ пишал тој.

„Ти си сè што имам. Те обожавам. Бејби, толку многу те сакам“.

Поради интензивната врска што се развила, таа вели дека се одвоила од реалноста.

„Се одвоив од мојата вообичаена реалност за да живеам целосна фантазија. Се чувствував како да сум целосно своја“ раскажува дизајнерката.

Во текот на 14 месеци, од април 2023 до јуни 2024 година, таа му префрлила повеќе од 800.000 евра. На почетокот, парите биле наменети за плаќање царински давачки за подароци што наводно ѝ ги купил, кои никогаш не стигнале. Подоцна платила огромни болнички сметки затоа што тој ја убедил дека има рак на бубрег и дека му е потребна трансплантација.

Неговата банкарска сметка, тврдеше тој, била замрзната поради бракоразводна парница. Измамникот, исто така, почнал да испраќа фотографии од вештачка интелигенција кои наводно го прикажувале во болнички кревет.

Во еден момент, „Бред паднал во кома“, поради што морала да плати казни на холивудското студио бидејќи снимањето на неговиот нов филм било одложено.

Измамената жена конечно ги запрела плаќањата откако добила барање за речиси 15.000 евра за патување со приватен авион. Емоционално исцрпена и изолирана од семејството и пријателите, таа го пријавила случајот во полиција. Истрагата открила дека зад сето тоа стојат тројца мажи од Нигерија.

Откако нејзината приказна станала јавна, измамниците ја контактирале за последен пат.

„Љубов, мојата сметка на Телеграм е хакната од измамници. Сега ќе направам сè што е во моја моќ за да ја обезбедам нашата безбедност“ – стоело во пораката.

Иако останала без пари и завршила на психијатриско лекување, Денешател вели дека разводот од нејзиниот сопруг е „единственото позитивно нешто“ што произлегло од оваа ужасна измама.

Слични вести