(Видео) Жена во Венецуела се породи под урнатините

by irena 19:56
19:56

Стотици луѓе загинаа, а илјадници останаа без своите домови откако два силни земјотреси ја погодија земјата во среда навечер.

Се појави и видео на кое се гледа жена како лежи на штица на земја, опкружена со луѓе во темница. Друга жена ѝ помага да се породи и носи на свет плачливо бебе. Жената што се породила потоа клекнала и го завиткала новороденчето, додека другитсе собраа ја покрија мајката со ќебиња.

Два земјотреси за помалку од една минута

Повеќе од 250 згради се урнаа по таканаречениот двоен шок – два шока што се случија еден по друг во рок од само 39 секунди. Првиот земјотрес беше со магнитуда од 7,2 степени, а вториот 7,5. Илјадници луѓе беа заробени под урнатините.

Според официјалните податоци, 589 лица се потврдени како мртви, 2.980 се повредени, а 57.000 се водат како исчезнати. Сепак, Геолошкиот завод на САД проценува дека во катастрофата би можеле да загинат до 10.000 луѓе.

facebook
Twitter

Слични вести