(ВИДЕО) Жена е убиена, а напаѓачот изврши самоубиство кај пирамидите во Мексико

by irena 08:15
08:15

Канаѓанка е убиена, а 13 лица се повредени во пукотница што се случија вчера на познатото археолошко наоѓалиште Теотихуакан во Мексико, соопштија властите.

Напаѓачот, чија националност е непозната, извршил самоубиство откако отворил оган на популарна туристичка дестинација во централно Мексико, дом на предацтечките пирамиди, изјави Кристобал Кастанеда, секретар за безбедност на сојузната држава каде што се наоѓа наоѓалиштето.

Шест лица се ранети од огнено оружје и се лекуваат во локалните болници, меѓу нив една Канаѓанка, една Колумбијка и нејзиното дете, еден Бразилец и двајца Американци.

Седум други лица се повредени за време на обидот за бегство и се лекуваат, вклучувајќи државјани на Русија, Колумбија, Бразил и четири лица од Соединетите Американски Држави, соопштија властите.

Пукањето сред бел ден ги шокираше туристите на едно од најпосетуваните места во Мексико, помалку од два месеци пред почетокот на Светското првенство, кое ќе се игра во Мексико, Соединетите Американски Држави и Канада.

Снимките од АФП покажуваат тело покриено со бел чаршаф како се носи по скалите на пирамидата.

Властите конфискуваа огнено оружје, ножеви и неискористена муниција на местото на настанот и ги евакуираа туристите.

Слични вести