(ВИДЕО) Зеленски објави напад на украински дронови врз рафинерија во Русија: Погодокот беше прецизен!

by irena 15:29
15:29

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимка од напад на украински беспилотни летала врз рафинерија за нафта во Русија, како и врз неколку авиони стационирани на воениот аеродром во Ростов, пишува „Украинска правда“.

Како што соопшти самиот Зеленски, а подоцна потврди и Генералштабот на вооружените сили на Украина, станува збор за координирана акција на неколку служби за безбедност и одбрана.

„Во текот на изминатата ноќ, во заедничка операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Силите за беспилотни системи, Воената разузнавачка служба (ГУР) и Службата за надворешно разузнавање, погодена е рафинерија за нафта во Јарослављ. Службата за безбедност изведе и прецизен напад врз воениот аеродром во Ростов, при што е потврдено оштетување на еден авион „Ан-12“, два „Ан-26“ и три хеликоптери. Добри резултати се забележани и во областа на Црното Море“, изјави Зеленски.

Дополнителни детали за операцијата изнесе Генералштабот на Украина, наведувајќи дека цел на нападот бил воениот аеродром „Ростов-на-Дон“ (Централни) во Ростовската област.

Забележан е пожар на самиот објект, проследен со секундарни детонации. Според официјалните информации од украинска страна, на аеродромот е потврдено уништување на два транспортни авиони „Ан-26“, еден транспортен авион „Ан-12“ и три хеликоптери.

Во истиот бран напади, погодена е и рафинеријата за нафта „Славнефт-ЈАНОС“ во областа Јарослављ, каде што по директен погодок избувна пожар во постројката за примарна дестилација на нафта.

Слични вести