Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за оценување на уставноста на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција.
Како што соопшти Судот, иницијативата е отфрлена затоа што оспорената резолуција не содржи правни норми што би можеле да бидат предмет на уставно-судска контрола, туку исклучиво декларации од политички карактер кои не уредуваат општествени односи.
Според оценката на уставните судии, Резолуцијата не претставува акт што може да биде предмет на оценување на уставноста и законитоста.
Поради тоа, Судот утврдил дека не е надлежен да одлучува по поднесената иницијатива, повикувајќи се на член 38 алинеја 1 од Актот на Уставниот суд.
Од опозициската партија веднаш по отфрлањето на иницијативата реагираа со соопштение.
„Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници. Александар Николовски најави 50.000 нови „економски работници“ годишно. Мицкоски ја дуплираше бројката, рече над 100.000, па дури направи им кажа на граѓаните или многудетни семејства или мигранти, односно „економски работници“. Два дена по најавата на Николовски и еден ден по најавата на Мицкоски гледаме одлука на Уставниот суд со која се отфрла иницијативата на СДСМ за не уставната Резолуција со која и се забранува на опозицијата да говори за мигранти, односно за „економски работници“ велат од СДСМ.