„Чиракот на Заев, Венко Филипче на синоќешното гостување во “Само интервју” на Канал 5, сакајќи да го омаловажи образованието во државата и да посочи дека нашите студенти се многу послаби од странските – призна дека неговите ученици, патем идни доктори, имаат катастрофално знаење. Токму со ова Филипче потврди една теза, а тоа е дека тој како професор нема знаење на материјата што ја предава па затоа и студентите не можат да научат ништо од него“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат „Се надеваме дека со новите измени во Законот за високо образование, Филипче ќе го зачува статусот на професор, бидејќи не загрижува професор на медицински факултет да има страв неговите колеги да не лекуваат утре ден, а притоа знаењето Венко Филипче не е способен да им го пренесе – од кои причини не знаеме“.
„Дополнително, не плаши можноста дека Филипче на студентите можеби им предава за тоа како да направат провизии од вакцини, како да се местат тендери за блиски фирми до него, или пак за тоа како да се градат модуларни болници без минимум технички спецификации“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.