(ВИДЕО) Вертикалното земјоделство е иднината: Помалку вода, помалку ѓубриво и поздрав зеленчук

by irena 15:30
15:30

„Помалку вода, помалку ѓубриво,помалку прашина, поголема отпорност и поздрав зеленчук“. Вака звучи концептот на Центарот за истражување и развој на вертикалното земјоделство во затворени простори во центарот на Истанбул кој од 2022 година истражува како да се добие поздрава храна и поголеми количини за многу побрзо време за да се задоволат зголемените потреби на населението во Турција.

Центарот е основан во декември 2022 година во центарот на Истанбул, град со население од над 20 милиони жители и ограничени површини на земјоделско земјиште.

Основан преку соработка помеѓу Министерството за земјоделство и шумарство на Република Турција и приватниот сектор, објектот, кој се наоѓа осум ката под површината од зградата на Новиот културен центар на општина Кагитане и, на 30 метри под нивото на земјата, е втората најдлабока вертикална фарма во светот.

На 30 септември биле посеани првите семиња, а отворањето на објектот и првата жетва се случиле на 8 декември, за нецели три месеци.
На фармата има три единици за раст на растенија и една единица за ‘ртење односно садење. Во објектот, наместо сончева светлина се користат напредни LED светла за раст на растенија со различни спектри за да се постигне највисок квалитет и принос.

„Се употребува техника на хидропонско одгледување, со што може да се постигне заштеда на вода до 99% во споредба со конвенционалното производство. Одгледувањето што се врши со употреба на напредни методи на производство на вкупна површина од 320 квадратни метри е еквивалентно на производство на над 2 хектари во конвенционалното земјоделство“, велат од од центарот за истражување.

Во рок од 3,5 години, тестирани се повеќе од 120 различни растителни сорти (лиснат зеленчук, јагоди, лековити и ароматични растенија итн.) и подготвени се рецепти за производство, а производитие одгледувани таму се продаваат во луксузни ресторани и супермаркети како свежи, богати со хранливи материи производи произведени без употреба на пестициди.

текст и видео: Орце Костов

Слични вести