(ВИДЕО) Разурнатиот град Хатај, за само три години, се издигна од пепелта како Феникс

by irena 15:42
15:42

Двата земјотреси во Турција и во Сирија, во февруари 2023 година засекогаш го променија животот на милиони луѓе. Додека илјадници семејства жалеа по загубата на своите најблиски, стотици илјади останаа да живеат во привремени кампови.

Над 20.000 жртви имаше само во Хатај а илјадници згради во Хатај беа урнати или беа тешко оштетени. Во Антакија штетите беа енормни: 70 отсто од домовите беа загубени, историскиот центар на градот беше практично урнат, аеродромот во Хатај беше оштетен со распукана и нефункционална писта, беа уништени болници, историски објекти и голем дел од инфраструктурата.

Три години по земјотресот, кој ја расплака Турција, градот Антакија во Хатај се издигна од пепелта како Феникс и сега е огромно градилиште, во кое полека се враќаат или ќе се вратат раселените граѓани што останаа без своите домови.

За само три години изградени се 500.000 станбени единици во најпогодените провинции, а ќе се градат уште 500.000 социјални станови во сите 81 провинција во Турција. Во Хатај веќе се предадени клучевите на над 180.000 сопственици на обновените домови. Градот Антакија, кој е обновен од темел за помалку од три години, што е потег, кој не му успеал досега никому.

„Фокус“ беше дел од втората „Медиумска турнеја за животна средина и климатски промени“ во рамките на 31-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP31), во организација на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Турција и Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени.

пишува: Орце КОСТОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Слични вести