(ВИДЕО) ВАР го „уби“ Иран во 93-та минута

by irena 08:32
08:32

Фудбалерите на Иран и Египет одиграа нерешено, 1:1, во 3-то коло од Светското првенство.

По ова нерешено, Египќаните ќе бидат втори во Групата Г, а првото место ќе го заземе Белгија, додека Иран ќе остане на третата позиција.

Тие сè уште се надеваат на пласман во нокаут фаза меѓу 8-те најдобро рангирани третопласирани селекции на првенството, но со победа над Египет можеа да бидат во многу поповолна ситуација.

Персијците на крајот тргнаа на сè или ништо, а сè „експлодираше“ кога Шоџа Калилзадех постигна гол за водство и веројатно победа во 93-тата минута од играта.

По проверката на ВАР, голот беше поништен поради офсајд!

Клучниот детаљ беше моментот кога топката беше испратена до шутерот, кога беше утврдено дека Калилзадех е во недозволена позиција.

Милиметри го делеа Иран од чудотворен резултат во Сиетл, но ВАР интервенираше и ги уби сите нивни надежи.

Египетската одбрана беше поставена на таков начин што голманот остави еден одбранбен играч зад топката при напуштањето на гол-линијата, што формираше офсајд линија.

Во таа ситуација, ВАР технологијата пресуди во корист на Египет, потврдувајќи дека напаѓачот на Иран бил во недозволена позиција за неколку милиметри.

Слични вести