Сензација на Светското првенство: Зеленортски острови испишаа историја, Уругвај го заврши натпреварувањето

by irena 08:25
08:25

Фудбалерите на Зеленортски острови создадоа една од најголемите сензации на Светското првенство досега и освоија место во нокаут фазата веќе на својот деби настап.

Во последното коло од Групата Х, тие играа без гол против Саудиска Арабија во Хјустон, а нерешениот резултат 0:0 им беше доволен за да го освојат второто место во групата со три бода и да напишат историја.

За прв пат по 20 години, репрезентација која дебитира на Светското првенство успеа да се квалификува во нокаут фазата.

Тие постигнаа голем успех без ниту една победа, но и без пораз. По три последователни нерешени резултати, завршија пред фаворизираниот Уругвај, кој неочекувано беше елиминиран.

Херој на натпреварот против Саудиска Арабија беше искусниот 40-годишен голман Возиња, кој ја спаси мрежата со фантастична интервенција во втората минута од судиското продолжение и му донесе на својот национален тим историски резултат.

Во втората средба од групата, Шпанија го победи Уругвај со резултат од 1:0. Единствениот гол го постигна Алекс Баена во 43-тата минута, со голема грешка на уругвајскиот голман Фернандо Муслера, додека Аугустин Канобио доби црвен картон на крајот од натпреварот.

Шпанија ја заврши групната фаза на првото место со седум бода, Зеленортски острови се втори со три, додека Уругвај и Саудиска Арабија го завршија натпреварувањето со по два бода.

Националната репрезентација со само околу 600.000 жители сега ќе игра против актуелниот светски шампион Аргентина во осминафиналето, а тоа веќе стана една од најубавите приказни на ова Светско првенство.

Слични вести