(ВИДЕО) Стојаноски: Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за седум со СДС

by irena 11:32
11:32

„Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за 7 со СДСМ, а инфлацијата е 30% помала. Имено во период јули 2024 до јули 2025 растот на реалната плата e 6.7%, додека во период јули 2017 до јули 2024 растот бил само 3.5%. Реалната плата е вистинската куповна моќ на платата, не номинален износ, туку вредносен“ рече на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, „растот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ покажува неколку работи:

1. Дека инфлацијата е намалена

2. Дека растот на економијата е забрзан

3. Дека потрошувачката е зголемена

4. Дека производството расте

5. Дека довербата во економијата е голема“.

„Бројките јасно покажуваат дека инфлацијата е стабилизирана и под контрола. Во период јули 2024 до јули 2025 просечната стапка на инфлација е 3.6%, додека во период од јули 2017 до јули 2024 просечната стапка на инфлацијата е 4.8%“ вели Стојаноски.

Слични вести