(Видео) Протече „млеко“ низ реките и го обои Прилепското езеро: „Спас за Прилеп“ бара итна реакција

by irena 19:09
19:09

Еко активистите тврдат дека Присадска и Оревоечка Река повторно се претворени во бели потоци од мермерна прашина, додека институциите си ја префрлаат одговорноста. Иницијативата „Спас за Прилеп“ бара итна реакција и јасно утврдување кој е надлежен за загадувањето што завршува во прилепското вештачко езеро.

Според активистите, двете реки се целосно обоени во бела боја веднаш над езерото, а ова не е прв пат вакво загадување да се забележи.

Од „Спас за Прилеп“ велат дека се обратиле до Општина Прилеп, но надлежниот инспектор за животна средина им одговорил дека општината не е одговорна за проблемот.

Слични вести