(ВИДЕО) Пожарот во близина на Струмица се уште активен, неколку населби се без струја

by irena 20:38
20:38

Пожарот во близина на Струмица сè уште не е целосно ставен под контрола, објави „Струмица Денес“.

„Најновите снимки од теренот се направени пред околу 15 минути и сведочат за сериозноста на состојбата. Поради пожарот, населените места Вељуса, Баница и Водоча се целосно исклучени од електричната мрежа. Снабдувањето со електрична енергија ќе биде прекинато сè до целосното локализирање и ликвидирање на пожарот.

Пожарникарските екипи остануваат на терен и продолжуваат со напорите за справување со огнената стихија. Се апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не се приближуваат до зафатеното подрачје“, објави „Струмица Денес“.

Слични вести