(Видео) Пожар на падините на Огражден, загрозена црквата „Св. Петар и Павле“

by irena 17:30
17:30

Денес околу 16.30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден.

Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис, како и неколку граѓани кои помагаат во заштита на црквата.

Слични вести