184
Во утринската акција за гасење пожар во Дојран беше активиран хеликоптерот Aгуста бел 212 со кој во повеќе налети беа исфрлени повеќе од 30 тони вода.
– Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосем мала брана која што хеликоптерот ја користи за полнење на вода и дејствува врз овој тежок пожар кој се наоѓа на исклучително стрмен терен. Затоа денеска го користиме хеликоптерот кој со кратки налети од три до четири минути брзо и ефикасно делува врз пожарот. Моја претпоставка е дека за неколку часа овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, а верувам и изгаснат – истакна утринава првиот човек на ДСЗ – Стојанче Ангелов.