(ВИДЕО) Општ хаос во Албанија – оклопни возила пред парламентот; полицијата користи водени топови

by irena 17:57
17:57

Продолжија протестите пред албанскиот парламент, каде што граѓаните се собраа за да протестираат против албанскиот премиер Еди Рама и неговата влада, одговарајќи на повикот на организаторот за протест паралелно со пленарната седница на собранието.

Според албанските медиуми, полицијата употребила солзавец, бибер-спреј и водени топови.

Граѓаните се собираа пред собранието уште од раните утрински часови, а веднаш по почетокот на седницата, околу 10 часот, беа забележани првите инциденти, вклучувајќи фрлање јајца и брашно кон пратениците и обиди за пробивање на полицискиот кордон, пренесува „Коха“.

Граѓаните носеа транспаренти со пораките „Време е за будење“ и „Еден народ, еден глас, една иднина“, додека некои од демонстрантите влегле во блискиот ресторан каде што се наоѓале пратениците и ги гаѓале со јајца и брашно.

Ситуацијата дополнително ескалираше по завршувањето на пленарната седница, кога демонстрантите ги блокираа влезовите и излезите на парламентот, спречувајќи го преминувањето на службените возила.

За да се воспостави контрола врз ситуацијата, полицијата интервенираше со употреба на солзавец, спреј со бибер и водни топови, формирајќи безбедносен коридор за возилата да излезат од зградата на парламентот, објавува „Албанска пошта“.

По интервенцијата, беше можно да се повлечат службените возила, вклучувајќи го и возилото на претседателот на парламентот Ник Пелеши.

За време на интервенцијата, се појавија нови тензии, а демонстрантите извикуваа слогани и фрлаа предмети кон полициските сили, додека полицијата приведе неколку лица, но официјалниот број на приведени не беше објавен.

Според медиумите, приведени се осум лица.

Слични вести