(ВИДЕО) Огромна колона кај Маврово, претходно пет повредени во сообраќајка

by irena 20:36
20:36

Огромна колона на возила во застој во моментот се случува кај Маврово, поради голема сообраќајка која се случи претходно на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи изјави дека повредените се надвор од животна опасност, но заради карактерот на повредите со амбулантни возила се испратени на лекување на скопските клиники.

Претходно МВР извести дека пет лица се повредени во сообраќајката во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.

,,Досега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток)“, информираа претходно од МВР.

Дополнително, од терен граѓани се жалат дека семафорот на неколку километри пред Гостивар, прави дополнителна гужва и сега Стража – Гостивар се вози час и половина.

 

Слични вести