Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

by irena 20:57
20:57

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на с. Русиново и во реон на с. Никуштак на Скопска Црна Гора и притоа исфрли преку 30 тони вода, информираат од МВР.

,,Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава”, велат од МВР.

Од Центарот за управување со кризи известија дека денеска до 20:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни се 2 пожари, под контрола се 2, а изгаснати се 27 пожари.

Слични вести