(ВИДЕО) Нетанјаху: Никогаш сме немале подобар партнер од претседателот Трамп

by irena 21:25
21:25

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за време на своето обраќање пред Генералното собрание на ОН, му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата поддршка и за заедничката воена акција против Иран претходно оваа година.

„Ќе продолжиме да победуваме бидејќи во оваа борба против варварите немаме друг избор“, рече Нетанјаху во четвртокот пред Генералното собрание на ОН.

„Никогаш сме немале подобар партнер од претседателот Трамп. Му благодарам за неговото одлучно лидерство. Тој храбро се соочи со огромна опасност за Америка, Израел и светот“, рече Нетанјаху.

„Тој сфати дека фанатичните ајатоласи, кои извикуваат ’Смрт за Америка, смрт за Израел‘, на крајот ќе ги оствареа своите луди намери доколку некој не ги спречеше. Токму затоа Израел и Америка дејствуваа заедно, не само за да се заштитат себеси, туку и за да ја спасат цивилизацијата“, изјави израелскиот премиер.

 

Слични вести