(Видео) Модриќ има двојна скршеница — нема да игра за Милан до крајот на сезоната

by jadranka 18:43
18:43

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ предвреме ја завршува сезоната во дресот на Милан, откако на дербито против Јувентус се здобил сериозна повреда на лицето.

Денешните лекарски прегледи покажале двојна скршеница на јаболчницата, што значи дека искусниот играч нема да биде во комбинација за настап до крајот на сезоната. Сепак, според хрватските медиуми, неговото учество на Светското првенство засега не е доведено во прашање.

Повредата Модриќ ја заработи по судир со глава со Мануел Локатели на околу десет минути пред крајот на натпреварот. Додека Локатели помина без последици, Модриќ беше принуден да го напушти теренот.

Засега останува неизвесно дали ќе биде потребен оперативен зафат или ќе се пристапи кон конзервативен третман.

Слични вести