(Видео) Мицкоски: Се радувам што дијалогот со Бугарија почна, очекувам да продолжи и во еден момент ставовите да се доближат

by jadranka 13:12
13:12

По советот на шефицата на Европската комисија, дијалогот со Бугарија е почнат, меѓународните партнери се запознаени со содржината, продолжуваме да разговараме и кога ќе биде постигнат напредок ќе ги информираме граѓаните. Ова е изјава на премиерот Христијан Мицкоски на новинарски прашање поврзани со обидите за деблокада на евроинтеграциите на Македонија, откако средбата на министерско ниво помина без решение за суштинските прашања.

По сигналите од Софија дека нема репреговарање и уставни измени со одложено дејство, премеирот доби денеска беше прашан каде го гледа излезот од ваквата блокада.

„Во разговор, во дијалог, тоа е убавината на демократијата кога ќе разговарате и ќе водите дијалог. Јас се радувам што тој дијалог почна, се радувам што за дијалогот се запознаени нашите партнери. Тоа е убавината во демократијата, да разговарате кога имате различни ставови, а умешноста во демократијата е кога тие различни ставови ќе ги приближите и на крај ќе дојдете до компромис. Очекувам дијалогот да продолжи да се води и во одреден момент ставовите да се приближат и да дојдеме до решение“,рече Мицкоски.
На прашање пак, дали е можна нова средба до декемврискиот самит, Мицкоски одговори:
„Да оставиме процесот да се движи по природен пат. За се што треба јавноста да знае, ќе знае на време.

По завчерашната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски кажа дека средбата помина во конструктивна атмосфера и позитивен дух, но без решение за суштинските прашања.

Слични вести