1
Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци, односно до април, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има продолжување на мерките по истекот на актуелните рокови, Мицкоски посочи дека Владата планира да ја продолжи кризната состојба, и покрај најавите за можна деескалација на состојбата.
„Кризната состојба ќе ја продолжиме уште шест месеци, мислам до април. Дај Боже да дојде до деескалација и смирување на состојбата, за да можеме да ја прекинеме кризната состојба и пред истекот на тој рок“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека, доколку дојде до смирување на состојбата, постои можност кризната состојба да биде прекината порано.