(ВИДЕО) Манасиевски: СДС во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка

by irena 12:39
12:39

„СДС во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка, кој наместо да работи за граѓаните ја злоупотребува службената положба и овластување. Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, кој во слободно време во видно алкохолизирана состојба се однесува како шериф и тепа припадник на МВР, за случај во којшто е осуден и прогласен за виновен, сега во работно време ја злоупотребува својата службена положба и овластување. Луѓето се менуваат но матрицата на СДС, не се менува. Шерифот од Крива Паланка, освен што ги тепа своите граѓани, особено полициските службеници, ја злоупотребува и својата службена должност и мисли дека тоа ќе помине неказнето, бидејќи по навика во време на владеење на СДС, членови и блиски лица до СДС, не беа ниту казнувани, ниту пак повикувани на разговор“ рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, „градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски се здоби со кривична пријава поради тоа што не извршил должен надзор и контрола на издадено решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко и со тоа, ја злоупотребил својата службена положба и овластување. Покрај него, кривична пријава има до уште две лица, кои спротивно на законите и своите работни задачи и обврски, изготвиле промена на инвеститор иако рокот изминал и не извршиле должен надзор и решението го одобриле како важечко“.

„Ова е доказ за тоа како СДС функционира во општините кои ги водат нивни членови. Кога се на работа, ја злоупотребуваат службената должност, а кога не се, глумат шерифи и во алкохолизирана состојба ги тепаат своите сограѓани. Го повикуваме ЈО да го испита случајот и да се утврди одговорност. Доста е од локални шерифи кои работат за сопствени интереси. Граѓаните на Крива Паланка заслужуваат праведност, одговорност и домаќинско водење на општината, а не тепач“ рече Манасиевски.

Слични вести