(ВИДЕО) Манасиевски: СДС да се огради од Филип Андов – Сокол

by irena 12:33
12:33

„Обвинението поднесено против Филип Андов – Сокол е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за можен организиран криминал што се случуваше во затворот во Шуто Оризари, под диригентство на кадри на СДС. Во времето кога Сокол беше директор, затворот беше претворен во луксузен хотел за осудени криминалци, кои со службени возила и под заштита на институцијата, односно директорот Андов, излегувале надвор од ќелиите кога ќе посакаат. Тоа не е ниту пропуст, ниту случајност, тоа е системски криминал и злоупотреба на државната функција, со директна поддршка или молк од тогашната власт на СДС и ДУИ“ рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, „прашањето е дали сега СДС и Филипче конечно ќе покажат минимум одговорност, ќе се оградат и ќе го исклучат Сокол од член на Централниот одбор на СДС? Или и понатаму ќе го штитат, како што штитат сè што има врска со нивниот криминален картел?“.

„Обвинителството мора да продолжи без компромиси. Судот мора да биде храбар и непристрасен. Правдата мора да победи, а ваквите случаи не смеат да завршат во фиока. Ако сакаме институции што служат на граѓаните, тогаш казна мора да има за сите, без разлика дали се работи за поранешни директори, партиски советници или луѓе блиски до Заев и Филипче“ рече Манасиевски.

Слични вести