(ВИДЕО) Кузеска: Парите планирани за нов авион, Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

by irena 12:11
12:11

„Време е да се укине луксузот на власта а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме, парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети, коли, нека направат ребаланс на Буџетот и да ги пренаменат парите за плати“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Вели „Над 200 илјадници работници имаат плати под 30.000 денари, а синдикалната месечна кошничка е веќе 66.000 денари. Не стигаат платите за ништо, со минимална плата не можат да ги покријат основните трошоци, а нивниот труд останува потценет. Со носење на „економски работници“ цената на трудот владата дополнително ја намалува. Затоа работниците се приморани да протестираат на улиците. За достоинствени плати, за достоинствен живот, за корка леб“.

„Додека Мицкоски се луксузира на сметка на народот и си оди на море со владиниот авион, со часовници од 60.000 евра. Уште им порачува на работниците дека платите им се добри, затоа што смета дека толку и работат. Доста е луксуз на грбот на народот, доста е расфрлање со милиони, авиони, мали или големи. Прифатете го. Направете ребаланс, парите за нов авион пренаменете ги за поголеми плати“ порача Кузеска.

Слични вести