195
МВР информира дека вчера во 18:50 часот на автопатот Скопје – Штип, кај наплатна станица „Преод“, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода И.С.(38) од Скопје.
-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.С. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од СВР-Штип.